Достапни линкови

logo-print

Истрага за нови обвиненија против Тимошенко


Вчера приврзаниците на украинската опозиција одбележаа 300 дена од седумгодишната затворска казна на Тимошенко

Вчера приврзаниците на украинската опозиција одбележаа 300 дена од седумгодишната затворска казна на Тимошенко

Украинскиот јавен обвинител соопшти дека започнала истрага за четири нови обвиненија против екс-премиерката Јулија Тимошенко, која отслужува затвроска казна, обвинета за злоупотреба на службената должност. Обвинителот Виктор Пшонка, во изјава за украинскиот магазин „Фокус“ вели дека „два милиони американски долари биле префрлени од сметките во сопственост на Тимошенко за организаторите на убиството на пратеникот Јевхен Шхербан во 1996 година. Другиот случај, како што изјави обвинителот, е во врска со долговите на енергетската фирма со која своевремено раководела Тимошенко кон руското министерство за одбрана. Инаку, штрајкот со глад на екс-премиерката во затвор како и обвинувањата дека наводно била малтретирана предизвикаа реакции меѓу лидерите на неколку европски земји.
XS
SM
MD
LG