Достапни линкови

Набљудуваната независност на Косово завршува на 2 Јули


Одлука за завршување на набљудуваната независност за Косово се очекува да биде донесена на 2 јули годинава, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи на седница на Владата во Приштина. Тачи рече дека на 2 јули во Виена ќе се одржи седница на Меѓународната управувачка група, која ја сочинуваат држави што ја признаа независноста на Косово, според планот на Марти Ахтисари. „Тоа потврдува дека Косово во овој период успешно ја минала транзицијата и процесот на создавање држава. Нашиот успех е оценет и од меѓународната заедница. Планот на Ахтисари е целосно имплементиран, а сите институции се базираат на тие критериуми“ изјави Тачи.
XS
SM
MD
LG