Достапни линкови

Нема селекција на земји домаќини на Евровизија


Европската радиодифузна унија ги демантираше медиумските извештаи во кои се наведуваше дека на земјите во кои има проблеми со почитувањето на човековите права нема да им се дозволи да бидат домаќини на изборот на песна на Евровизија. Портпаролката на организацијата Карен Мацоли рече дека се подготвува предлог за потенцирање на универзалните вредности преку националните медиуми но рече дека во документот не се споменува никакво исклучување на потенцијални домаќини на музичкиот настан. Предлогот кој сега се подготвува ќе им биде презентиран на членките на Унијата во Јуни.
XS
SM
MD
LG