Достапни линкови

Николиќ положи заклетва пред собранието на Србија


Новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ денеска положи заклетва пред Собранитео на Србија, со што официјално стапи на должноста шеф на државата. „Се колнам дека сета своја сила ќе ја посветам на зачувување на суверенитетот и територијалната целовитост на Република Србија, вклучувајќи ги и Косово и Метохија како нејзин составен дел, како и за оставрување на човековите и малцинските права и слободи, почитување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Република Србија и дека совесно и одговорно ќе ја извршувам својата должност“ се заколна Николиќ пред српските пратеници. На седницата присуствуваа сопругата на лидерот заедно со синовите и други членови на семејството како и дел од претседателските кандидати, меѓу кои и поранешниот претседател Борис Тадиќ, членовите на актуелната Влада, српскиот партијарх Иринеј, претставници на другите врски заедници, како и повеќе странски амбасадори.
XS
SM
MD
LG