Достапни линкови

Нови прашања за стари предлози за името


Архивска фотографија: Собраниска седница.

Архивска фотографија: Собраниска седница.

Предлозите за решение на спорот за името од 2005 и од 2008 година, тема на собраниската седница за пратенички прашања во 2012 година!

Кој каков предлог за спорот за името прифатил или одбил во минатото? Политичките препукувања продолжија на собраниската седница за пратенички прашања.
Кој ви бил резонот единствено вие да го одбиете предлогот од 2005 година каде се гарантираше уставното име? Денес веќе четири години ќе ни се обраќаа со Republic of Macedonia, јазикот ќе беше македонски, а државјанството Република Македонија, а прифативте предлог Република Македонија-Скопје со одложно решавање на идентитетските прашања.

Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ рече дека премиерот Груевски прифатил име Република Македонија - Скопје пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

„Кој ви бил резонот единствено вие да го одбиете предлогот од 2005 година каде се гарантираше уставното име? Денес веќе четири години ќе ни се обраќаа со Republic of Macedonia, јазикот ќе беше македонски, а државјанството Република Македонија, а прифативте предлог Република Македонија-Скопје со одложно решавање на идентитетските прашања“, рече Макрадули.

Груевски негираше дека во 2008 година го прифатил предлогот Република Македонија-Скопје.
Она за што дадовме согласност беше предлогот, којшто од медијаторот беше наречен конечен предлог пред самитот, да биде ставен на референдум во Република Македонија доколку и Грција го прифати. Со оглед дека Грција не го прифати, предлогот не беше ставен на референдум. Тоа не е прифаќање, господине Макрадули, тоа е само согласност да им се даде можност на граѓаните во пресрет на самиотот на НАТО во Букурешт да се изјаснат дали таквиот предлог е добар или не е добар, дали е прифатлив за мнозинството граѓани или не е прифатлив за мнозинството граѓани.

„Она за што дадовме согласност беше предлогот, којшто од медијаторот беше наречен конечен предлог пред самитот, да биде ставен на референдум во Република Македонија доколку и Грција го прифати. Со оглед дека Грција не го прифати, предлогот не беше ставен на референдум. Тоа не е прифаќање, господине Макрадули, тоа е само согласност да им се даде можност на граѓаните во пресрет на самиотот на НАТО во Букурешт да се изјаснат дали таквиот предлог е добар или не е добар, дали е прифатлив за мнозинството граѓани или не е прифатлив за мнозинството граѓани. Како ние ќе гласавме на тој референдум, како ќе се изјасневме е сосема друго прашање за што ние, како што знаете, во тој период не се произјаснивме“, рече Груевски.

Груевски обвини дека СДСМ има направено стратешки грешки во однос на спорот за името, како што е прифаќањето на референцата поранешна југословенска Република Македонија за која тврдеа дека ќе трае само два месеци, како и промената на знамето. Направивте многу отстапки, а спорот уште не е решен, рече тој. За предлогот од 2005 година, Груевски рече дека бил неповолен за Македонија.

„Имаше сериозни нејаснотии и збунувачки моменти поврзани со идентитетот, тоа го кажав тогаш и гледам деновиве беше презентирано и на телевизиски снимки. Тоа го кажувам и денеска и го имам истиот став што го имав и тогаш и денес. Второ, предлогот веќе беше одбиен од страна на Грција, а се инсистираше од наша страна да се прифати предлог, кој што, иако е веќе одбиен, иако нема да има решение, сепак ќе значи одредено поместување од претходните позиции што ги имаше државата и значеше одредено поместување на позициите“, рече Груевски.

Макрадули не го прифати ваквото образложение на Груевски и потсети дека ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ било дека ако дојде прифатлив предлог, тие ќе го стават на референдум. Штом сте прифатиле да го ставите на референдум, значи дека било прифатливо за вас, заклучи Макрадули.

„Го знаете писмото од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски до генералниот секретар на ОН каде што пишува дека вие сте се согласиле за Република Македонија-Скопје? Сте го виделе господинот Лазар Еленовски, што сега го праќате во Брисел, со изјавата дека вие сте се согласиле? Господине Груевски, дали прифативте или дадовте согласност, тоа лекторите нека го установуваат кој збор важи“, рече Макрадули.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG