Достапни линкови

Поранешен руски полковник обвинет за продажба на тајни мапи


илустрација

илустрација

Судот во Москва му изрече 12 годишна затворска казна на поранешен руски полковник, обвинет за продажба на „тајни“ мапи на американски агент. Владимир Лазар е прогласен за виновен за илегална продажба на 7.000 топографски карти на руската територија во 2008 година. Во текот на судењето беше кажано дека на картите се обележани тајни информации за инсталации на руската влада кои може да се злоупотребат за планирање на воени офанзиви. Обвинителството смета дека Лазар соработувал со американските тајни служби од 1994 година до крајот на неговата армиска служба во 2003 година.
XS
SM
MD
LG