Достапни линкови

logo-print

„Змејот“ на пат кон Земјата


Беспилотното летало „Змеј“, првото комерцијално вселенско летало кое приватна компанија го лансираше на пат кон Меѓународната вселенска станица, е на пат кон Земјата. Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека астронаутите на вселенската станица го пуштиле товарното летало, кое пристигна до неговата цел пред пет дена. Капсулата ја лансираше компанијата „СпејсХ“, со надеж дека ќе ги замени леталата од американската вселенска флота, кои веќе не се во употреба. Змејот ќе слета во Атланскиот океан денеска. На шатлот има пратка експерименти и стара опрема од вселенската станица тешки 635 килограми.
XS
SM
MD
LG