Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Багдад


Дванаесетмина загинале а 30 се повредени во серија бомбардирања во главниот град на Ирак. Бомби експлодирале во близина на ресторан, покрај пoлициска патрола и на други локации во Багдад. Претставник на министерството за внатрешни работи изјави дека најкрвавиот напад се случил во северниот дел на главниот град во населбата Шуала, каде најмалку четворица загинале во експлозија на автомобил бомба. За сега не е јасно кој е одговорен за нападите.
XS
SM
MD
LG