Достапни линкови

Дневен печат - Името, ТВ-дуел и тајни документи


Архивска фотографија: Тогашниот претседател Бранко Црвенковски му ја честита изборната победа на премиерот Никола Груевски на 23 јуни 2008 година.

Архивска фотографија: Тогашниот претседател Бранко Црвенковски му ја честита изборната победа на премиерот Никола Груевски на 23 јуни 2008 година.

Главна тема во медиумите: Црвенковски и Груевски се расправаат за предлог на посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц од 2005 година.

Гладните уши и усти на народот имаат нова занимација, овој пат, со елементи на политички трилер од највисок степен. „Седум години потоа: Груевски и Црвенковски влегоа во војна за предлог на Нимиц од 2005 година“ - објавува дневениот Капитал, инаку весник што, главно, го интересираат теми од економијата.
Седум години потоа: Груевски и Црвенковски влегоа во војна за предлог на Нимиц од 2005 година.

Ден во наслов констатира дека „Паѓа нивото на комуникација меѓу политичките лидери“, а Утрински насловува: „Државни тајни течат од џеб - се разгоре дебата за тоа кој одел против македонскиот идентитет“.

Дали лидерот на СДСМ ќе одговара кривично за обелоденување на предлогот на Нимиц?
Утрински и Вечер во наслов ги цитираат политички не многу умесните зборови на премиерот Груевски: „Бранко се издрибла!“, со тоа што Вечер веднаш ги следи активностите на обвинителот Шврговски кој веќе дал налог да се утврди дали документот што го обелодени Црвенковски е или не е државна тајна и веднаш го поставува прашањето „Дали лидерот на СДСМ ќе одговара кривично за обелоденување на предлогот на Нимиц?“.

И Нова Македонија во наслов објавува дека „Црвенковски се согласил со ’народ на Република Македонија’“.

Само Утрински објави дека Црвенковски повторно го повикува Груевски на ТВ дуел. А во меѓувреме на новата сенародна занимација, Утрински во наслов објавува: „Молк за истрагата за Смилковци - судот се' уште чека еден куп вештачења за случајот, а полицијата нема нови сознанија за двајцата осомничени убијци кои се во бегство“.

Утрински во наслов пишува дека „Индустриското производство паѓа осум месеци едноподруго“, а дневниот Капитал дека индустриското производство во земјава за 25 години е речиси преполовено и дека со тоа Македонија галопира кон деиндустријализација.

Од своја страна, Вечер објавува дека „Груевски е загрижен, ама не изненаден - падна индустриското производство, но не се намалија платите!“.

Исто така Утрински обелоденува дека барокната шминка на само трите фасади во центарот на Скопје стопила 1 милион евра, а дека допрва ќе се реконструираат уште најмалку 5.

И за крај, една куриозитетна вест: Ден насловува дека „Чувајќи го премиерот, Урко стана магистер по меѓународно право и политика - сега е на исто академско рамниште со премиерот, министерката Јанкуловска, со првиот човек на ДБК Мијалков“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG