Достапни линкови

logo-print

Стотици затворени во Тибет по актите на самозапалување


China - A view of Draggo monastery

China - A view of Draggo monastery

Американското радио Слободна Азија јави дека стотици тибетанци се затворени деновиве во Ласа откако две лица се самозапалија во неделата. Во Сечуан вчера се запозапали и мајка на три деца.
Тибетските групи за човекови права соопштија дека во знак на протест против кинеското владеење со Тибет од Март 2011 се самозапалиле 35 луѓе, од кои 27 починале.
За кинеските власти овој вид протест е терористички акт. Хао Пенг, кој е лидер на Комисијата на Комунистичката партија за легални и политички прашања на Тибетскиот Автономен регион побарал засилување на рестрикциите на интернетот и на смс пораките.
Тибетанците сметаат дека причина за актите на самозапалување е грубото владеење на Пекинг.
XS
SM
MD
LG