Достапни линкови

Конституирање на српскиот парламент и заклетва на Николиќ


Денеска во Белград ќе биде одржана конститутивна седница на српскиот парламент. Откако на новите пратеници ќе им биде верификуван мандатот, досегашната влада ќе работи со технички, односно ограничен капацитет се до изборот на нова влада, што се очекува по формирањето парламентарно мнозинство.
Веднаш по конститутивната, ќе биде одржана и вонредна седница на која новоизбраниот претседател на Србија Томислав Николиќ ќе положи заклетва. Со тоа нему почнува да му тече петгодишниот мандат, додека на 11 јуни во зградата на српскиот претседател ќе биде одржана свечена инаугурација.
XS
SM
MD
LG