Достапни линкови

Косово чекор поблизу до визна либерализација


Амбасадорите на земјите членки на ЕУ му дадоа зелено светло на доделувањето водич за визна либерализација на Косово, изјави во Брисел министерката за европска интеграција Вљора Читаку. Според неа, Косово на 14 јуни и официјално ќе добие водич, документ идентичен со оној што го добија и другите земји на Западен Балкан.
Водичот за либерализација на визите е инструмент со кој се одредуваат конкретни задачи во процесот за укинување на визите. Косово е единствената земја на Западен Балкан чии граѓани и денес во земјите на ЕУ мораат да патуваат само со претходно обезбедени визи.
XS
SM
MD
LG