Достапни линкови

Во Ирска референдум за фискалниот пакт


Во Ирска денеска се одржува референдум за новиот фискален пакт кој беше потпишан од 25 земји членки на ЕУ, а за да стапи во сила треба да биде ратификуван од 12 од вкупно 17 земји од еврозоната. Ирска е единствена од 25-те земји потписнички која на референдум ќе решава за ратификација на Договорот за стабилност, координација и управување во Економската и монетарна унија.
Според анкетите, во мнозинство се оние кои го поддржуваат пактот- околу 50 насто, додека 31 процент се против него.
Фискалниот пакт, документот што практично забранува буџетски дефицит, досега беше ратификуван од Грција, Португалија, Словенија и Романија.
XS
SM
MD
LG