Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад: збогатениот ураниум не е за правење бомба


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека во неговата земја се изведува збогатување на ураниум до 20 проценти, за да се обезбеди гориво за нуклеарен реактор за медицински потреби, а не за правење бомба. Збогатувањето на ураниумот е врз основа на меѓународното право и ние нема да го правиме тоа доколку големите сили и Меѓународната агенција за атомска енергија не` снабдуваат со него, додаде Ахмадинеџад, истакнувајќи дека тие не го прават тоа.
Тој нагласи дека не очекува „чудо“ од претстојната средба на таканаречената П5+1 група, закажана за идниот месец во Москва.
XS
SM
MD
LG