Достапни линкови

Оставка на сирискиот почесен конзул во Калифорнија


Сирискиот почесен генерален конзул во американската сојузна држава Калифорнија Хазем Чехаби се повлече од функцијата, како реакција на убиствата во сирискиот град Хула. Тој изјави дека ситуацијата е дојдена до точката кога „вашето молчење и пасивноста стануваат етички и морално неприфатливи“. Според Чехаби, неодамнешниот варварски масакр е токму таа точка, за која веќе не може да се молчи.
Таткото на Чехаби беше началник на сириската војска за време на владеењето на Хафез ал Асад, таткото на сегашниот претседател на Сирија Башар ал Асад.
Телото за човекови права на ОН утре ќе одржи специјална седница посветена на убиството на повеќе од 100 луѓе во Хула.
XS
SM
MD
LG