Достапни линкови

ОН со забелешки за човековите права во Ирак


Обединетите нации сметаат дека Ирак се уште има сериозни проблеми во поглед на човековите права, во услови кога земјата се обидува да направи транзиција од повеќегодишно диктаторство. Во извештај на светската организација се изразува загриженост за бројните цивилни жртви, апсења без конкретни обвинувања, лоши услови во затворите, насилство врз жените и висока стапка на невработеност. Во документот се забележува дека демократијата не може да постои без почитување на човековите права.
XS
SM
MD
LG