Достапни линкови

logo-print

Тимошенко повикана да сведочи во истрага за убиство


Подржувачите на екс-премиерката маршираат низ Киев

Подржувачите на екс-премиерката маршираат низ Киев

Украинскиот јавен обвинител најави дека екс-премиерката Јулија Тимошенко, која отслужува седумгодишна затворска казна, била повикана да сведочи во истрагата за убиството на пратеникот Јевхен Шхебан кое се случи во 1996 година. За сега не е јасно зошто истражителите сакаат да ја испрашуваат Тимошенко која тогаш беше шефица на Обединетите енергетски системи на Украина. Во меѓувреме, стотина опозициски активисти се собраа во центарот на Киев со цел одбележување 300 дена од затворањето на екс-премиерката.
XS
SM
MD
LG