Достапни линкови

Нема понуди на тендерот за Охис


Не е доставена ниту една понуда на тендерот за продажба на акциите на државата и на Фондот за пензиско осигурување во ОХИС а.д. Скопје. Министерството за економија информира дека до 13 часот, кога истече рокот за поднесување понуди, ниту едно од четирите друштва што подигнаа тендерска документација не доставило понуда. „Во врска со следните чекори за решавање на статусот на ОХИС, Министерството за економија претходно ќе ја информира Владата од каде се очекува да се добијат натамошни насоки по однос на ова прашање“ се наведува во соопштението на министерството.
XS
SM
MD
LG