Достапни линкови

Казахстан ќе гради банка за нуклеарно гориво


Претседателот на казахстанската Агенција за атомска енергија најави изградба на т.н. интернационална банка за нуклеарно гориво. Тимур Жантикин рече дека Меѓународната агенција за атомска енергија го одобрила проектот на Казахстан минатата година. Се планира изградбата да трае до 2013 година. Интернационалните банки за нуклеарно гориво претставуваат обкјекти каде се складира нуклеарна енергија која не им се доставува на земји кои скаат да произведат нуклеарно оружје. Во Казахстанската нуклеарна банка ќе бидат складирани 60 тони гасифициран слабозбогатен ураниум.
XS
SM
MD
LG