Достапни линкови

Приведен поранешен член на кабинетот на Камерон


Поранешниот шеф на комуникации на британскиот премиер Дејвид Камерон е приведен по сомненија за лажно сведочење. Станува збор за сомненија во врска со сведочењето на Енди Коулсон во декември 2010 година на судењето на социјалистичкиот политичар Томи Шеридан пред судот во Гласков. Ова е второ приведување на Коулсон. Поранешниот вработен во премиерскиот кабинет беше осомничен и за инволивраност во скандалот со хакирање мобилни телефони поради кој се затвори еден од весниците на медиумскиот гигант Роберт Мурдок.
XS
SM
MD
LG