Достапни линкови

Турција и Јапонија ги избркаа сиријските дипломати


Турција и Јапонија најавија дека ќе ги избркаат сиријските дипломати во знак на протест на масакрот во Хула за кој се обвинува сиријската влада. Потегот први го направија западните земји меѓу кои САД, Британија и Германија. Официјален Токио очекува сиријскиот амбасадор во Јапонија „да си замине што е можно побргу“. Турција,пак, им даде рок на Сиријските дипломати да си заминат за 72 часа. „Не доаѓа предвид да мочлиме и ништо да не превземеме“ се наведува во соопштение од официјална Анкара. Во меѓувреме, сиријската државна телевизија јави дека официјален Дамаск му дал рок на холандскиот амбасадор да се повлече за 72 часа.
XS
SM
MD
LG