Достапни линкови

Спречени терористички напади во Баку за време на Евросонг?


Безбедносните служби на Азербејџан соопштија дека спречиле неколку планирани терористички напади за време на одржувањето на Евросонгот во Баку, а една од целите била и кристалната сала, каде што се одржуваше манифестацијата. Според властите во Баку, нападите ги планирала терористичка група, предводена од Вугар Падаров, исламистички милитант, поврзан со Ал Каеда. Во акција на азербејџанските безбедносни служби, Падаров бил убиен во престрелка, а 40-тина негови приврзаници биле уапсени.
XS
SM
MD
LG