Достапни линкови

logo-print

Време е за антирецесиски мерки


Падот во секторот енергија во април годинава во однос на истиот месец минатата година е 27,4 отсто.

Падот во секторот енергија во април годинава во однос на истиот месец минатата година е 27,4 отсто.

Македонија е веќе во рецесија и владата не треба да чека да почне да работи со антирецесиска програма, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски.

Индустриското производство паѓа осум месеци по ред и според дел од економистите Македонија веќе влегува во рецесија. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во април годинава е помало за 7,2 отсто во однос на истиот месец минатата година.
Владата не треба да чека податоци за да сфати што се случува, туку веќе треба алармантно да почне да работи со антирецесиска програма, значи антициклична програма која ќе биде многу помоќна од оваа сегашната која е многу потрошувачки насочена.

Индустриското производство во првите четири месеци од годинава е намалено за 8,1 отсто во однос на првите четири месеци во 2011 година.
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012 година.

Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012 година.


Според главните индустриски групи, најголем пад има кај енергијата, од 27,4 отсто и кај трајните производи за широка потрошувачка од 57,7 отсто. Пораст, пак, е забележан само кај капиталните производи за 1,2 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто.

По падот на индустријата се зголемуваат стравувањата дека земјава може да влезе во рецесија. Се смета дека земјата е во рецесија кога има пад на БДП-то во два последователни квартали. И покрај тоа што Заводот за статистика се уште не ги објавил точните податоци, министерот за за финансии Зоран Ставрески, неодамна изјави дека економијата веројатно ќе има пад во првиот квартал.
Мислам дека министерсвата за економија и за финансии и владата треба се повеќе и повеќе да се фокусираат на субвенции за компании што се извозно ориентирани, затоа што само со свежи пари внесени во Македонија може да се има некаков економски развој кој ќе биде долгорочен.

Во последното тримесечие од минатата година, пак, економскиот раст беше само 0,2 отсто. Поранешниот министер за финансии, професор Никола Поповски вели дека дека податоците за индустриското производство се алармантни. Македонија не треба да размислува дали ќе влезе во рецесија, зашто веќе е влезена во рецесија, вели тој.

„Владата не треба да чека податоци за да сфати што се случува, туку веќе треба алармантно да почне да работи со антирецесиска програма, значи антициклична програма која ќе биде многу помоќна од оваа сегашната која е многу потрошувачки насочена. Ваквите резултати до крајот на годинава тешко дека ќе може да се исправат. За четири месеци има минус осум проценти, треба во наредните 8 месеци 5 проценти да расте индустријата за да остане на нула, што значи дека имаме исклучително тежок период кој ни претстои до крајот на оваа година и не треба да не чуди, многу економски експерти и независни аналитичари предвидуваа дека со вака поставена владина политика тешко ќе се избегне дополнителна криза во македонската економија и тоа сега ни се случува.“

Со него се согласува и економскиот аналитичар Висар Адеми. Освен градежништвото, што поради проектот Скопје 2014 година е субвенционирано од владата, индустријата паѓа веќе 12 месеци, вели тој.

„Мислам дека министерсвата за економија и за финансии и владата треба се повеќе и повеќе да се фокусираат на субвенции за компании што се извозно ориентирани, затоа што само со свежи пари внесени во Македонија може да се има некаков економски развој кој ќе биде долгорочен.“

Во меѓувреме трае собраниската расправа за предложениот ребаланс на буџетот. Опозицијата се сомнева дека годинава ќе се оствари предвидениот економски раст од 2,5 отсто и предупредуваат дека поради падот на економијата и недоволните кратења во септември или во октомври ќе следува уште еден ребаланс.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG