Достапни линкови

logo-print

Асанж ќе биде екстрадиран во Шведска


Британскиот Врховен суд денеска одлучи дека основачот на Викиликс. Џулијан Асанж може да биде екстрадиран во Шведска, каде што е обвинет за сексуален напад врз две жени. Судот ја отфрли жалбата на Асанж, кој тврди дека обвинението е неосновано. Претходно и двете пониски судски инстанци во Британија донесоа одлуки дека Асанж може да биде екстрадиран. Тој и стана познат на светската јавност откако преку неговата Викиликс, во 2010-та година, беа објавени илјадници тајни американски дипломатски коресподенции.
XS
SM
MD
LG