Достапни линкови

logo-print

Русија против воена интервенција во Сирија



Русија категорично е против евентуална воена интервенција во Сирија и верува дека е прерано за нови мерки на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Ова го изјавил рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов. Вчера, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека не е исклучена и воена интервенција во Сирија под покровителство на Советот за безбедност, а Германија најави дека ќе предложи нови мерки во врска со кризата во Сирија.
XS
SM
MD
LG