Достапни линкови

logo-print

Оланд - Можна е употреба на воена сила против Сирија


Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека е можно да се употреби вооружена сила во Сирија ако идејата ја подржат и од Советот за безбедност на ОН. Оланд изјавата ја даде на француската телевизија коментирајќи за маскарот во Хула.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карнеј, пак, изјави дека САД немаат ставено каква било опција на маса, но засега сметаат дека не е момент за вооружена акција во Сирија. Белата куќа верува дека вооруежна акција би довела до поголем хаос, поголем масакар, изјави Карнеј.

САД, Франција, Швајцарија, Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и Австралија вчера ги протераа сириските дипломати во знак на протест против убиството на цивили во Сирија. Русија нема да го следи примерот на протерување на дипломати.

Обединетите нации соопштија дека повеќе од половината од 108-те убиени цивили во Хула биле деца и жени.
XS
SM
MD
LG