Достапни линкови

Американскиот амбасадор во Москва бил „лошо разбран“


Американскиот амбасадор во Москва Мајкл Мекфол.

Американскиот амбасадор во Москва Мајкл Мекфол.

Американскиот Стејт Департмент сопшти дека неодамнешните коментари од страна на американскиот амбасадор во Москва биле „погрешно протолкувани или лошо разбрани“ од руска страна.

Претходно, помошник на рускиот претседател изјави дека американскиот амбасадор Мајкл Мекфол треба да се однесува подипломатски и да не ги загрозува односите меѓу двете земји. Во понеделникот руското Министерство за надворешни работи посочи дека Мекфол на една средба со студенти изјавил дека Русија му понудила пари на лидерот на Киргистан за да ја отстрани американската воздухопловна база од нивната територија.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјави дека амбасадорот Мајкл Мекфол доаѓа од академските кругови „зборува јасно, не ги мери зборовите, не е професионален дипломат“.
XS
SM
MD
LG