Достапни линкови

Пад на индустриското производство во aприл


Индустриското производство во април годинава во однос на истиот период лани бележи пад од 7,2 отсто, додека во периодот јануари-април годинава во однос на овој период лани пад од 8,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава, во однос на април 2011 година, бележи опаѓање од 3,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10,3 проценти. Според главните индустриски групи, производството во април 2012 година, во однос на април 2011 година, бележи опаѓање кај Енергијата за 27,4 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 2,3 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 57,7 отсто.
XS
SM
MD
LG