Достапни линкови

Расправата за ребалансот продолжува утре


Собранието на Република Македонија утре во 11 часот ќе продолжи со расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за годинава, во рамки на продолжение на 34. седница. Пратениците од опозицијата оценија дека ребалансот на буџетот не е навремен и адекватен, поставен е на целосно погрешни претпоставки за растот на економијата, а по него ќе треба да следи уште еден ребаланс. За пратениците од владејачкото мнозинство, пак, опозицијата нема кредибилитет за такви тврдења бидејќи економските резултати што ги покажала додека била на власт биле значително послаби во однос на сегашните.
XS
SM
MD
LG