Достапни линкови

Напад со отровен гас на авганистанско училиште


Околу 160 ученички се разболеле во северот на Авганистан по наводен напад со отровен гас во новното училиште. Денешниот инцидент во училиштето во Толокан претставува четврти напад на образовна институција за женски деца во областа. Болните деца за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа сведочат дека почувствувале чудна миризба пред да се онесвестат. Авганистанските власти велат дека талибанските милитанти ги зачестиле нападите на образовни институции со цел да ги натераат родителите да не ги испраќаат децата на училиште.
XS
SM
MD
LG