Достапни линкови

logo-print

Ново тестирање на пакистанска ракета


илустрација

илустрација

Пакистанската војска соопшти дека успешно тестирала ракета со краток дострел на која може да се монтираат конвенционални и нуклеарни боеви глави. Портпаролот на армијата мајорот Атар Абас рече дека ракетата има дострел од 60 километри. Станува збор за трето тестирање на пакистанска ракета откако соседна Индија направи пробно лансирање на ракета со долг дострел, спосбна да ја достигне Кина. Пакистанскиот ракетен арсенал е главно насочен кон Индиа. Двете земји водеа три војни, од кои две беа за спорниот хималајски регион Кашмир.
XS
SM
MD
LG