Достапни линкови

Оф-фест 2012 - Скопје во ритамот на светот


Хуан де Маркос Гонзалес и Афро-Кубан ол старс ќе настапат на Оф-фест.
Хуан де Маркос Гонзалес и Афро-Кубан ол старс ќе настапат на Оф-фест.

Со настапот на АФРО-КЈУБАН ОЛ СТАРС, во петок од 20 часот во Универзална сала, ќе започне 11-то издание на „Оф-фест“.

Скопје наново ќе пулсира во ритамот на светот. Онака како што тоа го правеше во изминатава деценија токму од моментот кога во „Скопје џез фестивал“, како продукциска куќа, решија традиционалната музика и граничните современи созвучја да ги форматираат во посебна целина со умен предзнак „Оф-фест“ или „фестивал на една поинаква музика“. Од таму, логично е што и ова издание ја следи зацртаната линија, па така од 1 до 5 јуни, во Универзална сала и во Салонот на МОБ, ќе имаме можност да проследиме седум перформанси на докажани имиња од САД, Куба, Франција, Турција, Мали и од Македонија.
За актуелната светска турнеја успеав да ги соберам оние кои е најдобри и највлијателни, секој од својата генерација. Доаѓаат луѓе кои со мене свиреа во „Буена виста“ и кои некогаш беа многу млади, а сега веќе и не се толку. Највозрасниот музичар има 68, а најмладиот 25 години. Екипа која е составена од кубански музичари кои живеат раштркани по светот – некои се се уште во татковината, други нашле прибежиште во САД, трети на некој друг крај од светот. Едноставно се среќаваме два-три пати годишно и го правиме она што најмногу го сакаме – свириме.
Хуан де Маркос Гонзалес, музичар.

За почеток на манифестацијата се одбрани АФРО-КЈУБАН ОЛ СТАРС, групата составена од неколку генерации музичари на виталната кубанска музичка сцена и бандата чиј предводник е Хуан де Маркос Гонзалес, дефинитивно една од најзначајните и највлијателните фигури на тамошната музика во изминативе 20-тина години. Во пресрет на нивниот концерт во Скопје, инспираторот и иницијаторот за оригиналните БУЕНА ВИСТА СОШАЛ КЛУБ и човекот што како предводник ги потпиша двата големи концерта на легендите во Њујорк и Амстердам, вели дека за актуелната светска турнеја успеал да ги собере оние со кои го прави она што најмногу го сака – да свири и да ужива во музиката.
Тони Китановски и Черкези оркестра.
Тони Китановски и Черкези оркестра.

„За актуелната светска турнеја успеав да ги соберам оние кои е најдобри и највлијателни, секој од својата генерација. Доаѓаат луѓе кои со мене свиреа во „Буена виста“ и кои некогаш беа многу млади, а сега веќе и не се толку. Највозрасниот музичар има 68, а најмладиот 25 години. Екипа која е составена од кубански музичари кои живеат раштркани по светот – некои се се уште во татковината, други нашле прибежиште во САД, трети на некој друг крај од светот. Едноставно се среќаваме два-три пати годишно и го правиме она што најмногу го сакаме – свириме.“
Со задоволство и морам да признаам со голема возбуда прифатив да бидам програмски дел од овој фестивал затоа што има огромно значење, не само за нашата култура, како увозен, но и како извозен сегмент. Особено го почувствував тоа кога разбрав дека ќе бидам во иста вечер со едно големо име од Турција кого што го почитувам и го знам неговото творештво.
Драган Даутовски, музичар.

В сабота, најнапред ќе ги видиме и чуеме архиварите на турското традиционално наследство, гитаристот Еркан Огур и виолинистот Дерија Туркан, за да потем, по неколкугодишна пауза од домашните фестивалски сцени, го проследиме и настапот на квартетот на врвниот инструменталист и артист на УНЕСКО – професор Драган Даутовски.

„Со задоволство и морам да признаам со голема возбуда прифатив да бидам програмски дел од овој фестивал затоа што има огромно значење, не само за нашата култура, како увозен, но и како извозен сегмент. Особено го почувствував тоа кога разбрав дека ќе бидам во иста вечер со едно големо име од Турција кого што го почитувам и го знам неговото творештво“, вели Даутовски.

Од друга страна, Французинката Летиша Седие, нам најмногу позната по заводливиот вокал и по „левичарските“ текстови за бендот СТЕРЕОЛАБ и чикашките пост-рокери ТОРТОИЗ, кои пленат со сопствениот моќен настап, звуковно ќе ја обојат третата фестивалска вечер.

Конечно „Оф-фест“ ќе кулминира во вторник со ТАМИКРЕСТ, составот од Мали кој заедно со ТЕРАКАФТ и веќе легендарните ТИНАРИВЕН важи за еден од најзначајните претставници на „пустинскиот рок“ и нашите „Тони Китановски и ЧЕРКЕЗИ ОРКЕСТАР“ кои, во случајов, ќе ја сторат промоцијата на својот втор, патем одличен, албум за германската етикета „Енја“ насловен - „Шукар“.

„Пак е малку различно кога ги познаваш барем половина од тие што ќе седат во салата и е малку поголема одговорноста“, вели Китановски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG