Достапни линкови

Десетина настрадани во земјотресот во Италија


Десетина настрадаа во денешниот земјотрес во северниот дел на Италија. Станува збор за втор потрес во изминативе девет дена, чија јачина се проценува на 5,8 степени според Рихтер. Полицијата потврди дека осуммина настрадале во регионот Модена, додека медиумите јавуваат за уште две жртви, меѓу кои и свештеник кој настрадал во катедрала. Денешниот земјотрес наводно предизвикал уривање на градбите кои биле оштетени во првиот потрес од пред девет дена, проценет на 6 степени според рихтеровата скала.
XS
SM
MD
LG