Достапни линкови

logo-print

Загриженост од педофилија за време на „Еуро“ 2012


Специјаниот пратеник на украинскиот претседател за детски права препорача родителите да ги испратат децата на летни кампови за време на одржувањето на европското првенство во фудбал „Еуро 2012“ поради зголемена опасност од педофилија. Јуриј Павленко изјави дека секс туристи, меѓу кои и педофили, може да бидат дел од десетина илјади очекувани посетители на земјата. Тој додаде дека претседателот Виктор Јанукович и наредил на полицијата да превземе дополнителни безбедносни мерки за заштита на децата за време на настанот.
XS
SM
MD
LG