Достапни линкови

logo-print

Пратениците „го балансираат“ ребалансот


Архивска фотографија: Собраниска седница.

Архивска фотографија: Собраниска седница.

Власта крати секаде, освен од нивниот комодитет, обвинува опозицијата. За власта, ребалансот е за да се постигне предвидениот економски раст.

Според опозицијата, лошото концепирање на Буџетот и намерата да се добијат повеќе пари со лоши проекции за економскиот раст се причините поради кои Власта бара ребаланс на Буџетот. Од Социјалдемократскиот сојуз велат дека не држат причините на власта дека ребалансот е резултат на кризата во Европа и лошите временски услови.
Најпрво страдаат капиталните расходи и владата истите ги намалува за 90 милиони евра, намалува околу осум милиони евра во здравството, 10 милиони евра во образованието, а не намалува од својот комодитет и раскош, како што се рекламите, патувањата, купувањето на мебел, на возила.

„Најпрво страдаат капиталните расходи и владата истите ги намалува за 90 милиони евра, намалува околу осум милиони евра во здравството, 10 милиони евра во образованието, а не намалува од својот комодитет и раскош, како што се рекламите, патувањата, купувањето на мебел, на возила“, вели Марјанчо Николов од СДСМ.

Вообичаено е ребалансите да се прават на секои шест до седум месеци, вели Изет Зекири, пратеник на Националната демократска преродба. Намалувањето на капиталните инвестиции што се планира со предложениот ребаланс, директно ќе влијаат врз економската стабилност на претпријатијата, вели тој.

„Не е прифатливо од 438 милиони евра колку што беа предвидени капиталните инвестиции сега да имаме близу 350 милиони евра испланирани, наместо да се намалат оперативните трошоци“, изјави Зеќири.
Потребни се основни економски познавања за да се разбере дека фискалното прилагодување е во насока на заштита на економијата, подобрување на ликвидноста и благовремена реакција на случувањата во европската економија. Сосема ирелевантно е дали еден ребаланс се предлага во петтиот, седмиот или деветиот месец.

Според него, власта требало навреме да ги предвиди ризиците од светската економска криза и останатите надворешни фактори кои би имале влијание на државната каса.

За предлагачот, ребалансот на Буџетот за 2012 година е навремена и адекватна реакција на Владата која ќе даде придонес за натамошно одржување на макроекономската и социјалната стабилност, како и за подобрување на ликвидноста на стопанството и остварување на предвидениот економски раст за оваа година.

„Потребни се основни економски познавања за да се разбере дека фискалното прилагодување е во насока на заштита на економијата, подобрување на ликвидноста и благовремена реакција на случувањата во европската економија. Сосема ирелевантно е дали еден ребаланс се предлага во петтиот, седмиот или деветиот месец“, изјави Зоран Ставрески.

Но и за Демократската партија на Албанците овој ребаланс е непотребен и не води кон креирање на подобра економска слика во земјава. Со ребалансот се фаворизира проекот Скопје 2014 на штета на проектите на Албанската етничка заедница, сметаат од оваа партија.

„Проектите што се во интерес на Албанците, сега со овој буџет се скратуваат средствата предвидени за проекти што се во интерес на Албанците“, изјави Беким Фазлиу од ДПА.

Со понудените измени и дополнувања на Буџетот се предвидува раст на Брутодомашниот производ за 2,5 насто. Со ребалансот има намалување меѓу 4,5 и 5 отсто на вкупните приходи и расходи. Намалување има кај сите министерства и ниедно од нив не е поштедено. Секаде ќе има штедење кое е сконцентрирано, главно, на три категории - стоките и услугите, трансферите и капиталните расходи. Капиталните проекти нема да бидат запрени. Ќе се штеди само кај тие што се реализираат со побавна динамика или кај оние за кои е утврдено дека намалувањето на средствата до крајот на годинава нема да им наштети. Буџетскиот дефицит останува на 2,5 отсто, а инфлацијата 2,8 отсто.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG