Достапни линкови

logo-print

Борис Тадиќ од претседател, можен премиер


Томислав Николиќ и Борис Тадиќ.

Томислав Николиќ и Борис Тадиќ.

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ кој загуби на претседателските избори објави дека е кандидат на Демократската партија за функцијата премиер. Разговорите за новата влада почнаа вчера кога тој во Белград се состана со човекот од кој загуби Томислав Николиќ. Аналитичарите сметаат дека Тадиќ бил подготвен да направи се за да остане власт.

Имавме многу добри разговори, изјави досегашниот претседател Борис Тадиќ, додека идниот шеф на државата Томислав Николиќ додаде дека и двајцата имаат една заедничка цел: да ја придвижат Србија напред.
Моја должност, а така и мислам, е дека на секој кој обезбеди мнозинство во парламентот веднаш без двоумење да му овозможам да закаже седница на која ќе го добие мандатот за состав на нова влада.

Српската напредна партија на Николиќ победи и на парламентарните избори, но Демократската партија на Тадиќ може да формира коалициона влада, бидејќи уште меѓу двата круга од претседателските избори за тоа се договори со социјалистите. Николиќ кој најави дека в четрвток ќе положи заклетва како нов шеф на српската држава по средбата со Тадиќ изјави:

„Моја должност, а така и мислам, е дека на секој кој обезбеди мнозинство во парламентот веднаш без двоумење да му овозможам да закаже седница на која ќе го добие мандатот за состав на нова влада.“

Со тоа сега Тадиќ доби можност само да ги замени кабинетите, а не и како што ветуваше веднаш откако ги загуби претседателските избори дека нема намера да биде премиер.
Тадиќ првин ја спомнува јавноста. Тој ја уништи јавноста во овие осум години. Јавноста во Србија не постои, така што таа е целосно неважна за него лично. Тој и припадниците на администрацијата, на таа политичка каста го презираат секој кој заработува помалку од едно евро во секунда.

„Тоа што го реков на изборната ноќ беше одраз на моето мислење во таа изборна ноќ. По разговорите со коалиционите партнери, членови на претседателството на Демократската партија и граѓаните, ја донесов оваа одлука. Знам дека ќе има разни коментари во јавноста, но нема никакви проблеми, подготвен сум да се соочам со нив. Најважно е да не престануваме да се бориме.“

Во српската јавност веќе се појавија такви коментари. Коментаторот Бошко Јакшиќ ваквиот потег го доведува во врска со страхувањето на Тадиќ да исечзне од политичката сцена.

„Лично мислам дека тој не е најдобро решение за таа функција во ваков кризен момент во кој познавањето на економијата и финансиите е поважно од познавањето на психологијата. Очигледно Тадиќ сфати дека тоа е единствен начин за негов опстанок во светот на политиката.“

Дел од аналитичарите сметаат дека Борис Тадиќ, како претседател на државата, сета власт ја сконцентрирал во свои раце. Затоа тие го поставуваат прашањето што може да се очекува кога ќе дојде на функцијата премиер која по Уставот има многу поголеми овластувања.

„Тадиќ првин ја спомнува јавноста. Тој ја уништи јавноста во овие осум години. Јавноста во Србија не постои, така што таа е целосно неважна за него лично. Тој и припадниците на администрацијата, на таа политичка каста го презираат секој кој заработува помалку од едно евро во секунда“, вели историчарот Никола Самарџиќ.

Тој додава дека е многу важно да се одговори дали Борис Тадиќ станал кандидат за премиер како добитник или како губитник на изборите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG