Достапни линкови

Ромни пред номинација за републикански кандидат за претседател


Мит Ромни

Мит Ромни

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни се очекува денеска и официјално да ја обезбеди номинацијата на Републиканската партија за претседателските избори во ноември годинава. Нему му е потребно на денешните прелиминарни избори во Тексас да освои половина од 155 делегати што ги дава оваа американска држава на конвенцијата на републиканците кога во август утврдуваат свој кандидат кој ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Барак Обама. Ромни во 2008 година не успеа да стане претседателски кандидат.
XS
SM
MD
LG