Достапни линкови

Грчките гласачи се вртат кон ПАСОК и Нова демократија


Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос

Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос

Три недели пред парламентарните избори во Грција анкетите покажуваат дека Нова демократија и ПАСОК ќе имаат доволно гласови да освојат парламентарно мнозинство и да состават коалициска влада. Во шест испитувања на јавното мислење Нова демократија би освоила најголем број гласови. Во меѓувреме, четворицата претставници на формацијата Независни Грци и двајца од ЛАОС објавија дека се враќаат во Нова демократија. Лидерот на радикалната левица СИРИЗА Алексис Ципрас изјави дека ако дојде на власт ќе ја анулира на економската програма и ќе се обиде да ги зголеми пензиите.
XS
SM
MD
LG