Достапни линкови

Американска донација за македонската царина


американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс

американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс

Царинската управа на Македонија ќе добие американска донација во опрема наменета за откривање и спречување на недозволена трговија преку државната граница. Донацијата е во рамки на повеќегодишната соработка при реализацијата на активностите на Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност за откривање и одвраќање на нелегалното пренесување на оружје и оружје за масовно уништување. На примопредавањето на опремата обраќања ќе имаат американскиот амбасадор Пол Волерс и директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.
XS
SM
MD
LG