Достапни линкови

Над триесет жртви во експлозија во Најроби


Кениските власти соопштија дека повеќе од 30 лица биле повредени во експлозија во центарот на Најроби. Полицијата соопшти дека пет од повредените се во критична состојба. Кенискиот премиер Раила Одинга ја нарече експлозијата терористички напад. Земјата е погодена од низа напади со гранати, а полицијата ги обвинува Шабаб бунтовниците и нивните поддржувачи, кои се поврзани со терористичката организација Ал Каеда. Минатиот месец, Шабаб бунтовниците го предупредија Најроби за одмазднички напади поради испраќањето тенкови и војници во Сомалија за борби против милитантите поврзани со Ал-Каеда.
XS
SM
MD
LG