Достапни линкови

Николиќ ќе положи заклетва во четврток


Новоизбраниот претседател на Србија Томислав Николиќ најави дека ќе положи свечена заклетва во четврток на 31 мај, додека инаогурацијата е закажана на 11 јуни. Лидерот додаде дека би можело да се случи со седницата на која ќе положи заклетва да претседава новиот претседател на законодавниот дом. „Преговорите за владата очигледно не престанаа од првиот круг на претседателските избори“ рече Николиќ и додаде дека назначување на нов претседател на Парламентот би значело дека е постигнат договор за формирање на влада.
XS
SM
MD
LG