Достапни линкови

logo-print

Не е лесно да се пишува за деца


Билјана Станковска, писателка за деца и млади.

Билјана Станковска, писателка за деца и млади.

Љубовта, чесноста, благодарноста, важноста на семејството... се само некои од хуманите пораки кои бликаат од романот „Вистинската приказна за исчезнувањето на приказните“ на Билјана Станковска, дело кое ја доби наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за најдобра книга за деца и за млади.

Се обидов да напишам приказна за секојдневниот живот на детето но притоа да опфатам една цела скала на случувања во кои реалното е толку чудесно што е блиску до магичното, а фантазијата е толку обична што не се разликува од необичната стварност – вели Билјана Станковска, добитничката на наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за најдобра книга за деца и за млади за романот „Вистинската приказна за исчезнувањето на приказните“.
Со оваа книга се обидов да го вткајам животот, современиот живот на детето, да не го одвојам од неговата стварност, бидејќи денешното дете гледа на компјутерот како на алатка која може да му ги открие сите тајни на светот.

„Со оваа книга се обидов да го вткајам животот, современиот живот на детето, да не го одвојам од неговата стварност, бидејќи денешното дете гледа на компјутерот како на алатка која може да му ги открие сите тајни на светот.“

Станковска е поетеса и писателка од Куманово која досега ги потпишала и книгите „Ограничен простор“, „Светлооко небо“, „Заробен сон“ и други. Таа влегува во редот на малкуте автори кои се бават со творештво за деца и за млади во македонската литература.
Пишувањето за деца бара вистина една голема посветеност, една трпеливост и една чесност. Не можеме да си поигруваме, нема да ни простат читателите ако за момент го загубиме нивното внимание.

„Пишувањето за деца бара вистина една голема посветеност, една трпеливост и една чесност. Не можеме да си поигруваме, нема да ни простат читателите ако за момент го загубиме нивното внимание. “

Авторката притоа потенцира дека една од причините за кризата во литературата за млади кај нас е тоа што овој вид на творештво е потценет и што мнозина сеуште сметаат дека „вечно“ можат да „ги прераскажуваат старите изветвени приказни“.

„Приказните не се надминуваат, меѓутоа сепак има тренд кога некои се повеќе прифатени, некои помалку, не може литетатурата на која дедовците и бабите се поспитувале, сега да биде истата за нашите деца и за наштите внуци, за детето кое сега расте.“

Таа дополнува дека не треба да се одмолчуваат состојбите и затоа нејзе и било предизвик да ја направи „Вистинската приказна за исчезнувањето на приказните“ малку поинаква, а среќна е поради тоа што ова издание на „Феникс“ компетентните автори го издвоиле и со наградата и покажале дека успеала во намерата да напише една поинаква, посовремена книга за деца и за млади.

Во периодов што следува Билјана Станковска би сакала било која од дадените 11 приказни во книгата да ги развие во нова сторија, но интересно е што во моментов работи на збирка современи куси раскази за возрасни.

„Книгата која е добра, особено детската книга, нема определба за возраст, но пред се прво да ја прочита детето, а потоа да ја препорача на родителот. Мислам дека тогаш границите за литаратура за возрасни и за деца се брише.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG