Достапни линкови

Петмина полицајци осудени за убиствата во Жанаосен


Судот во Казахстан им изрече затворски казни на петмина полицајци обвинети за учество во фаталните немири во градот Жанаосен во декември минатата година. Тројца од осудените се високорангирани полициски службеници. Пред изрекувањето на казните, судот ги прогласи полицајците за виновни за злоупотреба на службената должност за време на насилствата во градот. Полицијата лани застрела 16 лица кои протестираа во рафинерија, во обид за растурање на демонстрациите.
XS
SM
MD
LG