Достапни линкови

Битола страда од грчката криза


Пазар во Битола. Пазарџиите чувствуваат последици од грчката финансиска криза која им го преполови прометот.

Пазар во Битола. Пазарџиите чувствуваат последици од грчката финансиска криза која им го преполови прометот.

Битолските пазарџиите се во паника зашто купувачите од Грција се помалку доаѓаат, а оние кои навраќаат се ценкаат како никогаш досега.

Повеќе од година дена битолската чаршија чувствува последици од грчката финансиска криза, но последниот бран го преполовил прометот. Најпогоден е пазарот каде грчките државјани купуваа од месо до тоалетна хратија. Сега пазарџиите се во паника зашто купувачи од преку граница се помалку доаѓаат, а оние кои навраќаат се ценкаат како никогаш до сега.
Слаба е посетеноста од Грците. Откако фати кризата, а посебно во последно време воопшто немаме муштерии од таму. И многу се ценкаат и тие гледаат многу на парите. Дури и ние што имаме малку пари, цените наши им изгледаат скапи иако земаат двојно повисоки плати. И тие почнаа како домашните купувачи да купуваат на парчиња, дајте ми три домати, две краставици, една пиперка.

Во изминатите години пазарот половина од заработувачката ја добиваше од соседите зашто домашните купувачи имаа намалена финансиска моќ.

„Слаба е посетеноста од Грците. Откако фати кризата, а посебно во последно време, воопшто немаме муштерии од таму. И многу се ценкаат и тие гледаат многу на парите. Дури и ние што имаме малку пари, цените наши им изгледаат скапи, иако земаат двојно повисоки плати. И тие почнаа како домашните купувачи да купуваат на парчиња, дајте ми три домати, две краставици, една пиперка. Денес имаше 30-тина Грци, но две недели претходно ги немаше. Ние сосема колабриравме, сето ова веќе се одрази на прометот.“
Пазар во Битола.

Пазар во Битола.


„Вчера двајца поминаа, многу е слабо.“

„Не е како што беше и сега кога доаѓаат се повеќе стегнати. Не купуваат се ценкаат. Правевме промет по 3.000 денари од Грци дневно. Сега ако земе некој килограм кромит 20 денари, ќе се ценка за десет денари бара. Ова сето се рефлектира и врз нашиот џеб зашто и нашите купувачи се финансиски отепани. Цел зарзават ми стои, со денови немам ништо продадено.“

„Вака ако продолжи ќе се затворат сите дуќани“, коментираат битолските пазарџии.

Сликата на пазарот покажува дека се почесто тезгите се празни, односно продавачите ги затвораат не заработувајќи доволно за живот. Намалениот промет затвора и дуќани во чаршијата, каде покрај намалената заработувачка во последно време зачестија и инспекциските контроли, па изречени се и високи казни заради незиздавање фискални сметки и други пропусти во работењето. Според груби пресметки во Битола во последната година се затворени стотина дуќани.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG