Достапни линкови

Авганистан бара од Пакистан да овозможи достава на учебници


Авганистанското министерство за образование испрати апел до пакистанските власти повторно да ги отворат рутите за снабдување на трупите на НАТО во земјата, се` со цел да се достават 4,5 милиони учебници за авганистанските ученици. Претставникот на министерството Атахула Вахедјар рече дека одлагањето на доставата на учебниците, кои се заглавени во пакистанскиот пристанишен град Карачи, создало недостиг на образовни материјали. Новото полугодие во авганистанските училишта започнува во април. Вахедјар изрази жалење за политичката димензија на прашањето поради тензиите меѓу Алијансата и Пакистан.
XS
SM
MD
LG