Достапни линкови

Хејг и Лавров се согласија да се зголеми притисокот врз Дамаск


Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг и рускиот министер за надворешни односи Сергеј Лавров изјавија дека се согласиле да се зголеми меѓународниот притисок врз Сирија за да го повлече тешкото оружје од населените места.
Лавров по средбата во Москва изјави дека тоа е важен чекор во рамките на планот на специјалниот пратеник на ОН за Сирија Кофи Анан.
Лавров изјави и дека ставањето крај на насилствата е поважно од тоа кој е на власт и ги повика двете страни на политички разговори.
XS
SM
MD
LG