Достапни линкови

Уапсен Стефано Маури капитенот на Лацио за местење натпревари


Италијанската полиција го уапси Стефано Маури, капитен на Лацио од Рим под сомнение за местење натпревари и изврши истрага во кампот на италијанската фудбалска репрезентација која се подготвува за Еуро 2012.
Под истрага бил и Антонио Конте менаџер на годинашниот шампион Јувентус, како и италијанскиот одбранбен играч Доменико Крискито, кој игра за Зенит од Сент Петерсбург.
Се очекува Крискито да влезе меѓу 23 те фудбалери кои за Италија ќе играат на Еуро 2012 во Полска и Украина.
XS
SM
MD
LG