Достапни линкови

Будисти се самозапалиле во Кина


Двајца будистички монаси се самозапалиле во Кина во знак на протест против политката на Пекинг кон Тибет, јавува Радио Слободна Азија. Кинеската државна новинска агенција јавува дека полицијата се обидела да ги спаси и неколку минути по чинот на самозапалување ги отстранила од пред храмот. Еден од монасите преживеал и е во стабилна здравствена состојба. Во изминатава година 30 монаси се одлучиле на ваков начин да привлечат внимание за ограничувањата на Кина за будизмот.
XS
SM
MD
LG