Достапни линкови

logo-print

Антивладини протести во Мароко


Десетици илјади демонстранти излегоа вчера на улиците во најголемиот град во Мароко, Казабланка, протестирајќи против владата која според нив не ги исполнила ветените реформи. Протестите беа организирани од синдикатите кои бараат зголемување на платите и подобрување социјалните услови. Кралот на Мароко Мохамед 6-ти минатата година ја намали својата моќ и овластувања како дел од серија реформи со цел да ја одбегне „арапската пролет“. Во ноември на власт дојде коалициона влада предводена од Исламската партија за правда и развој која вети дека ќе се бори за социјална правда и намалување на невработеноста.
XS
SM
MD
LG