Достапни линкови

ОН: Сириската војска виновна за масакрот во Хула


Исходот од петочниот масакр во Хула, 92 тела од кои 32 се на деца.

Исходот од петочниот масакр во Хула, 92 тела од кои 32 се на деца.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера најостро го осуди масакрот во Хула каде што загинаа над 100 луѓе. Во соопштението кое го потпишаа 15-те земји членки на Советот е наведено дека во нападот кој се одвивал во петокот бил извршен од владина артилерија и тенкови кои отвориле оган врз цивилното население. Во заедничката изјава земјите од ОН бараат од претседателот Башар Ал Асад да го повлече тешкото оружје од сирискиот град. Шефот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија мајор Роберт Муд пред Советот на видео линк од Дамаск изјави дека 108 луѓе беа убиени а над 300 ранети во петочниот напад. Сириската влада ги обвини „терористите“ за крвопролевањето.
XS
SM
MD
LG